Состојбите што влијаат врз нервниот систем, како мозочните удари, мигрените и деменцијата, станаа водечка причина за лошото здравје во светот. Само во 2021 година повеќе од 3,4 милијарди луѓе или дури 43 отсто од светската популација доживеале некаков невролошки проблем, многу повеќе отколку што се мислело.
Накратко, ова се резултатите од истражувањето објавено во списанието „Лансет неуролоџи“, спроведено од стотици истражувачи предводени од Американскиот институт за мерење и евалуација на здравјето. Овие резултати покажуваат дека состојбите на нервниот систем сега се главна причина за болести во светот. Бројот на вакви случаи е зголемен за 59 отсто во последните три децении, главно поради зголемениот број на луѓе што живеат подолго.
Фото: IHME
Истражувачите набљудувале како 37 различни невролошки состојби влијаеле врз лошото здравје, инвалидитетот и прераната смрт во 204 земји низ светот помеѓу 1990 и 2021 година. Овие податоци биле искористени за да се процени колку години здрав живот се изгубени поради некоја состојба и изразени преку Индексот за попреченост, односно приспособени години на живот или години на живот приспособени на попреченоста.
Поради нарушувања на нервниот систем беа изгубени 443 милиони години здрав живот, што е зголемување од 18 отсто во споредба со 1990 година, покажа истражувањето.
Мозочниот удар е непријател број 1 на здравјето. Оваа состојба, која некогаш се сметаше за болест на срцето, предизвика дури 160 милиони години изгубен здрав живот. На листата се истакнуваат и неонаталната енцефалопатија, мигрената, деменцијата вклучувајќи ја Алцхајмеровата болест, оштетување на нервите од дијабетес, менингитисот и епилепсијата. Когнитивното оштетување предизвикано од ковид-19 се најде на 20. место.
Нова класификација
Главната причина поради која состојбите на нервниот систем ги надминаа кардиоваскуларните болести во најновата анализа беше неодамнешната промена во класификацијата на Светската здравствена организација која го премести мозочниот удар во невролошка категорија, објаснуваат истражувачите.
Фото: IHME
Милион човечки жртви
Најчести невролошки нарушувања се тензичните главоболки и мигрената, а најбрзо расте бројот на случаи на дијабетична невропатија. Не постои лек за повеќето од овие состојби, но постојат начини да се намали ризикот, како што се намалување на стапката на висок крвен притисок, контролирање на дијабетесот и избегнување алкохол, заклучуваат истражувачите.
Извор:
Bug.hr
Фото: Freepik