X
 20.07.2023 Здравје

Првпат во Македонија експлантирани четири органи од еден дарител во еден акт

Првпат во историјата на македонското здравство утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт, соопштија од Министерството за здравство. 

- Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40-годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнително, шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања - се наведува во соопштението.

Од МЗ изразија благодарност до семејството на донорот, кое, како што се наведува, со несебична одлука донесе утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

- Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и сѐ уште работат на скопските хируршки и интерни клиники. На пациентите што добија органи им посакуваме брзо закрепнување. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство - истакнаа од Министерството.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје