Срцето е изопачена маса од комори, вени и мускули, која не инспирира ниту романтика, нит устраст. Сепак, во крајно поедноставна форма, таа стана актуелна метафора за нашата љубов.
Секако, зборуваме за анатомската неточна форма на срцето (♥) - симбол кој го обожаваат тинејџерите, возрасните и постарите.
Симболот е присутен насекаде во модерниот свет. Се ниша на нашите ѓердани, обетки и белегзии. Го покажува своето лице во некое бескрајно море на картичките за Денот на вљубените. Стои на маици, цртано е на ѕидови, понудено е во бесконечен спектар на бои и во сите медиуми на технологијата.
Но, како срцето го добило овој чуден, медицински-неточен симбол?
Како ова:
...стана ова?
Потекло на симболот
Историчарите пронашле остатоци кои личат на модерниот симбол за срцето кои датираат уште од 3000 година пред нашата ера. Но, овие рани случаи гравирани на грчка, минојска, критска, микенска и римска керамика всушност била репрезентација за лист од смоква или бршлен и формата немала врска со човечкото срце или пак идејата за љубовта. Во античка Грција на пример, симболот често се користел за да се прикаже лист од лоза. Венците со ваквите симболи биле често носени од страна на свештениците за време на празниците и прославите.
Целосно независни од Грците, овој симбол се користел на друго место во светот за да се означат други видови лисја. Во ертруската уметност (4 век пред нашата ера, Италија) овие листови на бршлен го симболизирале создавањето, верноста и повторното раѓање, а често било давани на невестите и младоженците за време на свадбените церемонии. Во 2-от век пред нашата ера, будистите започнале да го опишуваат симболот како просветлување.
Во текот на 2-от век во градот Кирена, симболот илустрирал силфиум, растение кое било користено во антички времиња како груба форма на контрацепција кај жените. Трговијата со ова растение било толку профитабилно во Кирена што симболот бил ставен и на нивната валута:
Но и покрај тоа што има голема сличност со денешното срце какво што ние знаеме, овие цртежи немаат никаква врска со човечката анатомија. Историчарите не се сигурни за тоа кога точно овие претставувања на листовите станале поврзани со човечкото срце - но одговорот веројатно лежи во недостатокот на анатомското разбирање во тоа време.
Некои од најраните истражувања за човечката анатомија биле спроведени од Гален Пергамон, грчки лекар кој ги лекувал гладијаторите, па бил во можност да ги испитува човечките органи без вршење на дисекција. Со помош на истражувањата тој направил труд од 22 страни во кој ја опишал формата на срцето - слично на шишарка или превртен лист.
Помеѓу антиката и средниот век, голем дел од медицинското знаење било изгубено, поради обесхрабрувањето на Римокатоличката црква на научните достигнувања во анатомијата. Како резултат на тоа, научниците, уметниците и докторите морале да се потпираат на античките анатомски описи па така бил прифатен описот на Гален.
Подемот на симболот на срцето
Почнувајќи од средината на 13-от век, симболот на срцето започнал да се појавува во уметничките дела - овој пат не претставувал лисја од бршлен туку човечко срце и љубов. Првиот познат пример се појавил во „Le roman de la poire“, француска љубовна приказна која датира од 1250 година во која еден маж и неговата љубовница јадат круша заедно.
И покрај значителниот напредок во анатомијата во текот на 16 и 17 век (вклучувајќи ги високо прецизните цртежи на човечкото срце на Да Винчи), симболот за срце сепак станал доста популарен.
Друг зачувувач на симболот на срцето беше подемот на картите за играње. Првиот шпил карти, создаден од Мамлук Египт во 1370-тите, бил создаден од чаши, монети, мечеви и поло стапови; до 1450 година Швајцарците и Германците ги промениле во штитови, рози, желади и ѕвона. До почетокот на 1500-тите французите ги измислија денешните виедови: спато (♣), каро (♦), црно (♠) и купа (♥). Играњето карти стана доста популарно, а со тоа и симболот на срцето стана се` попопуларен.
Но најтрајната примена на симболот на срцето доаѓа од Римокатоличката црква.
На 27 декември 1673 година, Маргарет Мери Алокие, калуѓерка од редот на Пресвета Богородица, тврдела дека се сретнала во Исус Христос. На оваа средба тој и` рекол да ја потпри нејзината глава на неговото срце, и да го извести светот за неговата вечна љубов. Оваа приказна на крајот резултираше со посветеност на „Светото срце“ или верување дека физичкото срце на Исус е репрезентација на неговата божествена љубов кон човештвото.
Го обожаваме овој симбол
- До 19 век, симболот бил претставен како човечко срце, како и актуелен симбол на љубовта.
- Во 1977 година, Њујорк ја започна својата рекламна кампања „I ♥ NY“, одбележувајќи дека симболот се користи како замена за глаголот „да сака“.
- Откако бил воведен како емот икона во видео играта „The Legend of Zelda“, симболот на срцето станал ознака за здравје. Десетици видео игри ја копирале „Zelda“, а и голем број компании за здрава исхрана го побарале симболот како идеограм за благосостојбата во текот на 90-тите.
- Денес симболот можеме да го сретнеме насекаде. Го цртаме во тетратките и тајно го подаваме низ училница. Го пишуваме во пораки невнимателно. Го носиме на маици, го печатиме на картички и го ставаме на автомобилите.
Овој некогаш вреден оби за цртање на точно срце одамна се докажа како анатомски неточен. Сега знаеме дека срцето е комплексна маса која ниту е симпатична, и од неа не произлегува чувството на љубов - но сепак, „♥“ стана дел од нашите животи.