Просечната исплатена нето-плата по вработен во јуни 2019 изнесувала 25.205 денари и е за 4,1 отсто поголема од јуни минатата година.
Ваквото зголемување, според Државниот завод за статистика, се должи, пред сѐ, на порастот на платите во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11,7 %), транспорт и складирање (10,3 %) и градежништво (5,4 %).
Просечната бруто-плата, пак, во јуни 2019 година изнесувала 37.440 денари.
Извор: МИА