Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесува 29.130 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 43.509 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.6. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности (14,4%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,5%) и информации и комуникации (11,3%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (3,9%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9%).
Фото: ДЗС (printscreen)
Од ДЗС истакнуваат дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности (13,6%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,8%) и информации и комуникации (11,6%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (3,9%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,7%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9%).
Фото: ДЗС (printscreen)
Насловна фотографија: Freepik