X
 20.09.2024 Стипендии

Повик за учество во програмата „Study of the United States Institutes“

Министерството за образование и наука известува дека Амбасадата на САД го објави повикот за прием на апликации за програмата „Study of the United States Institutes“. Програмата е спонзорирана од Бирото за образовни и културни прашања на Стејт департментот на САД, а ќе се реализира преку Амбасадата на САД во Македонија.

Програмата „Study of the United States Institutes“ е интензивна академска програма на ниво на постдипломски студии со интегрирани студиски патувања чија цел е да им овозможи на странските факултети и други научници можност да го продлабочат своето разбирање за американското општество, култура, вредности и институции. Целта на програмата е да се зајакнат наставните програми и да се подобри квалитетот на наставата за САД во академските институции во странство. Оваа програма, наменета за научниот кадар, ќе се одржува на различни колеџи, универзитети и академски институции низ САД во текот на пет до шест недели почнувајќи од или по јуни 2025 година. За секој институт од програмата предвиден е четиринеделен академски престој и доколку е возможно, до две недели интегрирана студиска посета во друг регион во САД.

Повеќе информации ТУКА.
Активен до:    15.11.2024

Издвојуваме

Стипендии