X
 21.01.2017 Живот

Тони Парсонс: „36. роденден е момент кога сфаќаме дека времето истекува - дури и нашето“

Медицинската наука го означи крајот на добата на невиност - со бројка, моментот кога човек мора да избере меѓу тоа како живее и како изгледа. Жесток пијалок или цврст стомак? Зависност од никотин или зависност од здрав живот? Што ќе преземете кога ќе наполните 36 години? Време е да се види кој е зрел, а кој не...

Се сеќавате кога бевте бесмртни? Мислам на оние денови на блажено незнаење кога наидов на споменикот, стар пријател. Ми беше многу чудно што стариот другар со кого се дружев во мојата младост се претвори во споменик како што беше Војводата од Велингтон и Винстон Черчил.

Многу мажи грчевито се држат до својот поранешен начин на живот бидејќи веруваат дека нивната втора половина од животот не може да биде ни приближно добра како првата. Но, во вашата 36-та година сигурно живеете во подобар дом од пред 10 или 15 години.

Одеднаш нашите пантолони се многу тесни. Мамурлукот трае со денови. Повеќе не бараме бесмислен секс со еден куп безимени непознати жени - всушност, се обидуваме да го избегнеме. Лекарите конечно на оваа радикална промена ѝ дадоа име. Таа се вика 36-ти роденден.

Кога ќе наполните 36, вашите родители не стареат - тие веќе се стари. Ова звучи како добра пресвртна точка на која со текот на времето сите доаѓаме - момент кога сфаќаме дека времето истекува - дури и нашето.

Од 20 до 25. година се дружев со хедонисти. Не само што тие земаа хероин, туку го земаа со Кит Риачрдс. Не само што пушеа трева, туку пушеа со Боб Марли. Би сакал да кажам дека сите тие со текот на времето сфатија каде грешат, но секако, многу од нив се мртви. 

Автор: Тони Парсонс
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот