Изјави за тоа дали прифаќаат да им бидат вакцинирани децата што не примиле МРП-вакцина (за морбили, рубеола, паротистис) деновиве стигнуваат до родителите на децата во училиштата. Изјавите првично ги збунија родителите. Д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствениот дом - Скопје во чиј состав се вакциналните пунктови во главниот град, од каде што се испратени изјавите, вели дека тие се за при теренската вакцинација со МРП да не бидат вакцинирани децата за кои нема согласност од родителот.