21.03.2023
Живот
„Со нас - не за нас“ годинaшно мото за одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Светскиот ден на лицата со Даунов синдром традиционално се одбележува на 21 март. Годинава под мотото „Со нас - не за нас“ овој ден е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста - право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор.
- Децата со Даунов синдром треба да имаат редовни контроли кај нивниот педијатар или семеен лекар бидејќи овие лица имаат поголема веројатност да развијат одредени заболувања од општата популација. Носете ги на редовни контроли за слух, вид и општото здравје. Охрабрете ги да бидат физички поактивни - се вели во денешното соопштение од Министерството за здравство.
За овие лица се препорачува да посетуваат логопед за помош при зборување, физиотерапевт за помош при одење, доколку имаат намален мускулен тонус, оптометрист и/или специјалист за слух - за помош со видот и слухот, како и да се разговара со семејниот лекар или педијатар за информации како дете може да ги добие овие услуги.
Извор: МИА