X
 21.04.2020 Здравје

Во последното деноноќие оздравени 24 пациенти, а регистрирани 7 нови случаи со коронавирус

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти што се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти има во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.

Досега во земјава се излекувани 224 граѓани.

Во изминатите 24 часа се потврдени 7 нови случаи на коронавирус. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Лабуништа на 70-годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш бил приклучен на респираторна машина.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 1.231. По градови:

Скопје – 411
Куманово - 340
Дебар – 51
Штип - 34
Прилеп –117
Тетово – 60
Струга – 55
Велес – 59
Битола –17
Охрид –15
Кавадарци - 4
Гостивар –13
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш - 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања за коронавирус.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје