Францускиот уличен уметник Левалет е познат по неговите улични уметнички дела низ Париз. Неговите реалистични фигури често се во интеракција со урбаната средина, без разлика дали тоа значи чекање црвено светло, играње голф со одводна цевка и слично.
Со години тој предизвикува насмевка на лицата на минувачите кои се среќаваат со неговите шармантни и надреални сцени.
Изминатава година тој беше доста активен шетајќи низ париските улици за да ја најде совршената локација за неговите проекти. Главно нацртани во сиви тонови, неговите ликови изгледаат изгубени во нивниот свет. Тие се целосно концентрирани на сопствената ситуација, со што го принудуваат гледачот да ја искористи својата имагинација за да создаде надреална приказна.
Левалет се надева дека неговата уметност ќе предизвика луѓето да размислуваат малку повеќе.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram