Начинот на кој пишувате открива што мислите за себе и како сакате другите да ве доживуваат. Ситниот ракопис може да значи дека пишувачот нема добро мислење за себе или дека е необично скромен. Исто така, може да упатува и на склоност кон перфекција, но и на трпеливост и смисла за детали.
Од вашиот потпис можат да се извлечат значајни податоци за вашите стравови и стремежи.
Поради тоа,
графологијата е наука која преку ракописот ги открива карактерните особини на лицето што пишува. Таа дисциплина со години се усовршувала, па станала корисна алатка и во работата на полицијата и криминолозите.
(
Фото: Pixabay)
Имено, вештакот-графолог од нечиј
ракопис може да изработи психолошки профил на тоа лице и тој да се користи во истрагата. Ракописот може да го открие и моменталното расположение – честопати поинаку пишуваме кога сме нервозни и незадоволни отколку кога сме весели и среќни.
Ракописот го пресликува нашето расположение и од тој аспект може да биде индикатор за нас, но графологијата не се занимава со предвидување на иднината. Таа, пред сè, е научна студија која преку формата на буквите што ги пишуваме, закосеноста на ракописот налево или надесно и преку други елементи во пишувањето може да открие какви сме, кон што се стремиме, од што се плашиме, кои се нашите потенцијали и така натаму.
Вашиот потпис зборува за вас, што мислите за себе и како сакате да ве доживуваат другите луѓе. Графолозите можат да извлечат значајни податоци за вас и вашиот карактер само од вашиот потпис.
Ако пишувате високи и тесни букви, вие сте нервозни и горделиви. Често сте затворени и вкочанети, па тешко се отворате пред други луѓе. Оние што имаат крупен ракопис се амбициозни и ексцентрични.
Силното притискање при пишувањето упатува на напнатост, но и на силен карактер, а слабиот притисок – на чувствителност. Мекиот, воедначен ракопис без силен притисок укажува на топла и уметнички надарена личност.
Растојанието меѓу зборовите во реченицата се поврзува со блискоста меѓу вас и другите луѓе. Може и да упатува на степенот на вашата дружељубивост или на вашата потреба за осамување и сопствен простор.
Ракописот може да влече налево, нанапред или наназад, или пак да биде вертикален. Ова може да биде трага за откривање на вашата емоционална стабилност или нестабилност.
Големината на растојанието меѓу зборовите упатува на општото потпирање на соработка со другите луѓе или на вашата интуиција.
Ако пишувате густо стиснати зборови, кои буквално се надоврзуваат еден по друг, вие сте напната личност, со потиснати емоции. Понекогаш сте себични, тешко се отворате кон другите и тешко создавате нови познанства затоа што постојано сте на штрек.
Ако при пишувањето користите широко разделени букви, вие сте отворени, искрени и едноставни. Сочувствувате со страдањата на другите и имате разбирање за околината.
Големината на буквите што ги користиме во својот ракопис е нашата проекција за сопствената важност. Таа обично упатува на нашата самодоверба, како и на влијанието што го имаме во друштвото во кое се движиме. Големината на буквите слободно можеме да ја наречеме мерна единица за самопочит.
Ако спаѓате во групата луѓе што пишуваат големи печатни букви, вие сте многу амбициозни и копнеете по признанија. Интелигентни сте, но понекогаш ви недостига малку повеќе објективност и внимателност. Знаете да бидете нагли, па би требало да поработите на вашата попустливост и толерантност.
Ако преферирате ситен ракопис, вие имате аналитичка природа, скромни сте и резервирани. Имате одлична способност за концентрација. Снаодливи сте, штедливи и трудољубиви.
Понекогаш ви недостига доволно самодоверба да остварите сè што посакувате. Конзервативни сте и не сакате промени. Сакате сè да биде по ваше.
Притисокот врз моливот додека пишувате е графолошка мерка за нечија виталност, сила и одлучност. Количината на употребениот притисок не е свесна навика и обично не е свесно контролирана. Притисокот покажува сила или недостиг од неа во нечиј карактер.
Ако користите силен притисок при пишувањето, спаѓате во енергични и динамични личности кои знаат да се справат со проблемите. Не отстапувате лесно од еднаш донесената одлука, точно знаете што сакате. Но, би требало повеќе да го контролирате вашиот темперамент бидејќи знаете да бидете нагли. Имате силно либидо, издржливи сте, одлучни, инаетливи. Долго ги паметите навредите и многу тешко простувате.
Слабиот притисок со моливот открива дека имате послаба виталност. Имате многу чувствителна природа, нежни сте и не сакате кавги и расправии. Презирате ароганција и невкус. Приспособливи сте, помалку и спиритуални и брзо простувате.
Ако пишувате користејќи и силен и слаб притисок со моливот истовремено, вие сте личност со многу внатрешни спротивности, имате комплекс на пониска вредност и емоционално сте нестабилни. Лесно се навредувате и многу сте чувствителни.
Растојанието меѓу зборовите во нечиј ракопис го открива вашиот социјален живот, како ве прифаќаат другите луѓе и каква интеракција создавате со нив.
Ако пишувате со еднолични растојанија, вие сте природни, разбрани и имате висока самодоверба. Убаво сте прифатени во секое друштво. Не сте склони кон авантури бидејќи сакате сигурност. Се стремите кон традиционални вредности.
Ако пишувате со различни растојанија, вие сте малку лековерна личност, па многупати се разочарувате во животот. Предолго размислувате и ви треба долго време за да донесете некоја одлука.
Тешко комуницирате со другите, иако знаете да бидете и спонтани.
Ако во вашиот ракопис доминираат мали растојанија, вие сте отворена личност, комуникативна, но и избувлива. Ако пишувате со големи растојанија меѓу зборовите, имате критички и внимателен карактер. Смирени сте, интелектуални и склони кон високо ниво на образованост. Понекогаш сте непопустливи, нервозни и сакате да бидете сами, далеку од другите. Многу големите растојанија упатуваат на непромисленост и склоност кон осамување.
Ако пишувате многу широко, сакате патувања, дружење и движење. Горделиви сте, спонтано настапувате. Вие сте пријатен соговорник и восхитувате со вашиот шарм и љубезност. Великодушни сте и сакате да помогнете секому.
Но, ако пишувате претерано широко, тоа значи дека сте наметлива личност, честопати и дрска.