Минатата година научниците ја открија најкомплетната низа од човечкиот геном, но недостигало едно мало парче: хромозомот Y. Сега бил секвенциониран и овој најмал член од семејството на човечки хромозоми, со што целосно се комплетирал човечкиот геном по три децении работа.
- Сега кога ја имаме оваа 100-процентна комплетна секвенција од хромозомот Y, можеме да идентификуваме и да истражиме многубројни генетски варијации кои би можеле да влијаат врз човечките особини и болести на начин на кој не сме можеле порано - изјавил Дилан Тејлор, генетичар од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ и еден од авторите на студијата во која бил секвенциониран хромозомот.
Хромозомот Y содржи многу секвенции кои се повторуваат - вклучително и неколку долги палиндроми - кои досега го правеле „нечитлив“. Во рамките на секвенционирањето научниците поправиле повеќе грешни во делови кои биле претходно секвенционирани и откриле 41 нов ген за кодирање на протеини.
Неодамнешни истражувања покажале дека хромозомот Y игра улога во појавата на агресивни форми на рак кај мажите. Се верува дека секвенционирањето на хромозомот може да помогне во разбирањето на оваа врска и потенцијално спречување на болести во иднина.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay