Ништо не ја доловува празничната магија како декориран излог на една стоковна куќа. А, ако сте еден од оние купувачи што не можат да одолеат на прекрасните божиќни светилки и декорации, тогаш дефинитивно треба да ја посетите „Хародс“.
Брендот „Диор“ ја претвори „Хародс“ во најгламурозната куќа.
Наречена „Чудесниот свет на Диор“, надворешноста на стоковната куќа има мотиви извлечени од колекцијата на „Диор“ за 2023 година. Секој елемент е инспириран од веќе создадените парчиња од уметникот Пјетро Руфо заедно со креативната директорка на стоковната куќа, Марија Грација Чиури, и е замислен како ледено божиќно колаче.
Божиќната бајка на „Диор“ опфаќа дури 44 излози на „Хародс“, на кои се прикажани најубавите дизајни со потпис на култната модна куќа, обвиткани во празнична тема, а секој прозорец ја надминува убавината на другиот, со светлосни инсталации во форма на ѕвезди, рози и други симболи на „Диор“.
За оние што сакаат да го истражуваат кралството „Диор“, „Хародс“ нуди изложба на некои од најубавите креации, а можете да уживате и во кафе и бисквити во луксузното кафуле „Диор“ и да ги посетите бутиците кои нудат празнични изданија на најпродаваните хитови на „Диор“.
Божиќната бајка на „Диор“ можете да ја посетите до 3 јануари 2023 година.
Извор:
Elledecor.com
Фото: Adrien Dirand