X
 30.12.2016 Култура

Дали знаете зошто припадниците на сите религии украсуваат новогодишна елка?


Новогодишна елка

Украсувањето елка почнало на територијата на Германија, кога за Божиќ во средниот век елката се китела со црвени јаболка, а на запад во денешна Германија – со колачиња во различни форми и свеќички што го симболизирале Исус како вечна светлина.

Во наредните векови, овој обичај се раширил низ целиот Стар континент, а првата елка во Англија, украсена со бонбони, хартиени цвеќиња, машнички и мали подарочиња, се појавила во 1841 година.

Најпрво украсувањето дрво било поврзано со повисоката класа, но набрзо сите го прифатиле овој обичај.

Доселениците од Германија го пренеле обичајот во Америка, а за новогодишната елка Азија дознала од мисионерите.

Меѓутоа, постојат бројни теории за тоа од кој точно обичај потекнува китењето елка. Најчесто се поврзува со симболот на дрвото во обредите пред појавата на христијанството, особено за приказната за Донаровиот даб, стебло кое древното германско племе Хати го сметале за свето.

Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифациј, кој подоцна бил прогласен за светец, во 723 или 724 година пресекол едно стебло, за да им ја покаже на паганите супериорноста на христијанството над нивната религија – отсуството на реакција на паганските богови требало да им покаже на паганите дека треба да ја отфрлат нивната религија и да го прифатат христијанството. Тој успеал да ги придобие паганите, а моментот опишан во оваа легенда се смета за клучен за покрстувањето на Германите.

Обожувањето на дрвото било често меѓу европските пагани и главно го преживеало нивното прифаќање на новата религија.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура