X
 22.02.2022 Живот

Се намалува бројот на заболени од ковид

Минатата недела биле реинфицирани 863, а оздравеле 8.797 лица, 106 починале во 23 града, соопштува ИЈЗ

Регистрирани сe 6.119 нови позитивни случаи од 34 града во државата, со намалување од 29,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1% или просечно 25,8%, се вели во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во периодот од 14 до 20 овој месец се тестирани 23.396 материјали за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 11,2% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино – 519,1/100.000, Скопје – 514,3/100.000 и Кавадарци – 507,4/100.000.

Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (24,2%), а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0 до 9 години (5,3%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20 до 29 години и 31,2% кај лицата на возраст од 50 до 59 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување, во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 8.797 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во истиот период се пријавени 863 реинфекции, со намалување за 29,8% во однос на претходната недела. Пријавени се 106 смртни случаи во 23 града во текот на изминатата недела, за 27,9% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (41). Во однос на возраста, најголем број (95,3%) од починатите спаѓаат во возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години (4) и 40-49 години (1).

На 17.2.2021 во РС Македонија почна вакцинацијата против COVID-19.
Заклучно со 20 месецов, вакцинирани се вкупно 869.763 лица со барем една доза вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848.573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140.455 лица.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот