X
 21.04.2021 Здравје

ИЈЗ: Намалување од 24,3% на бројот на новозаразени во споредба со претходната недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 12 до 18 април 2021, тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 20,4% во споредба со минатата недела. Регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 града во државата со намалување од 24,3% во споредба со минатата недела, пишува во соопштението од ИЈЗ.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола.

Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9%, просечно 22,6 %.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на над 60 (33,1%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи 50-59 (17,7%), 40-49 (17,0%), 30-39 (16,1%) и 20-29 (9,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (1,8%) и 10-19 години (4,6%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.921 лице кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 3,1% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 206 смртни случаи од 26 града, 25,4% помалку во споредба со минатата недела. Во однос на возраста, 175 лицa биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50 до 59 години, по 5 лица од возрасните групи 40-49 и 30-39 години и еден од 20-29 години.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје