X
 16.03.2021 Здравје

За една недела бројот на новозаразени се зголемил за над 20 отсто

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 8 до 14 март 2021, тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 града во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (49,6%), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (19,5%), 40-49 (17,9%), 50-59 (16,8%) и 20-29 (12,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,1%) и 10-19 години (4,6%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.
Досега се вакцинирани 5.061 здравствен работник.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје