Во мај 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 49.544 денари, објави Државниот завод за статистика.
Во споредба со мај 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8,2 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 %, уметност, забава и рекреација за 11,3 % и транспорт и складирање за 10,9 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6,3 %, рударство и вадење камен за 5,8 % и транспорт и складирање за 5,7 %.