Селото Салто де Кастро, кое неодамна беше дадено на продажба за 260.000 евра, беше купено од Шпанецот Оскар Торес од Толедо за 300.000 евра, односно 40.000 повеќе од бараното.
Ова напуштено село, кое се состои од 44 куќи, црква, училиште, хотел, бар, стар базен и спортски комплекс, веднаш го привлече интересот на инвеститорите, кои дадоа понуди и до 600.000 евра.
- Добивме понуди од Саудиска Арабија, Русија, Бразил, Велика Британија. Бевме контактирани од инвеститори од повеќе од 20 земји во светот - изјави агентот од „Идеалиста“, веб-страница која дава услуги за недвижности и која го пушти селото на продажба.
Но, по само неколку дена откако било пуштено во продажба, селото му било продадено на сограѓанин за околу 15 отсто повеќе од бараната цена.
Торес, кој има повеќе од 20 години искуство во градежништвото, има поддршка од чилеански инвестициски фонд за проект за рурален туризам планиран за напуштеното село.
Салто де Кастро се наоѓа на само три часа од Мадрид, а се продаваше по „симболична“ цена поради иселувањето на населението.
Иселувањето во Шпанија во последните децении остави околу 3.000 напуштени села, како и градови со намалено население.
Враќањето во живот на овие области е клучен предизвик за шпанските политичари.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото:
Wikipedia