X
 22.12.2019 Култура

Љубовта не е гледање еден во друг, туку гледање во истата насока. Познати дефиниции за љубовта

„Љубовта воопшто не е поврзана со она што очекуваш да го добиеш - само со она што очекуваш да го дадеш - што е сè“.

Ви нудиме некои од најнезаборавните и безвремени дефиниции за љубовта, пронајдени низ стотиците години литературна историја:

„Љубовта е прифаќање на другиот, онаков каков што е“ - Анаис Нин.

„Љубовта е како температура која доаѓа и си оди доста независно од волјата... не постојат граници за љубовта“ - Стендхал.

„Не постои побезбедна инвестиција. Да сакаш значи да се биде ранлив. Сакај сè и твоето срце ќе биде евентуално скршено. Доколку сакаш да си сигурен дека твоето срце ќе остане недопрено, не смееш да го дадеш на никој, дури ни на животно. Завиткај го внимателно со хоби и мали луксузи; избегни ја нестабилноста; заклучи го безбедно во ковчегот на твојата себичност - безбедно, темно, неподвижно - тоа ќе се промени. Ќе стане нескршливо, нераскинливо, непробоено. Алтернативата на трагедијата, или барем ризикот на трагедијата, е проклетството. Единственото место надвор од рајот каде што ќе бидеш совршено безбеден од сите опасности на љубовта е пеколот“ - Ц.С.Луис.

„Љубовта може да ја промени личноста на начин на кој родителот може да го промени бебето - чудно, и често со многу неред“ - Лемони Сникет.

„Ништо не е помистериозно, ниту една човечка врска. Освен љубовта“ - Сусан Сонтаг.

„Љубовта е слично како да сте виделе магла наутро, кога ќе се разбудите пред сонцето да излезе. Трае сосема малку, а потоа исчезнува... Љубовта е магла што исчезнува со првата светлина на реалноста“ - Чарлс Буковски.

„Љубовта не гледа со очите, туку со умот“ - Шекспир.

„Љубов, именка. Привремена лудост која се лекува со бракот“ - Амброс Бирс.

„Љубовта воопшто не е поврзана со она што очекуваш да го добиеш - само со она што очекуваш да го дадеш - што е сè - Кетрин Хепберн.

„Од сите форми на претпазливост, претпазливоста во љубовта е можеби фатална за вистинска среќа“ - Бертранд Расел.

„Што е пеколот? Сметам дека тоа е страдањето од неспособноста да се сака“ - Фјодор Достоевски.

Фото: Unsplash

„Љубовта е нескротена сила. Кога се обидуваме да ја контролираме, таа нè уништува. Кога се обидуваме да ја заробиме, таа нè заробува. Кога се обидуваме да ја разбереме, нè остава да се чувствуваме изгубени и збунети“ - Пауло Коелјо.

„Љубовта не започнува и завршува на начинот на кој мислиме. Љубовта е битка, љубовта е војна; војната е растење“ - Џејмс Болдвин.

„Секој што се заљубува ги бара парчињата што му недостигаат. Секој што е вљубен станува тажен кога размислува за својата сакана личност. Тоа е слично како влегување во соба која ти буди премногу сеќавања што не си ги помнел долго време“ - Харуки Мураками.

„Љубовта не е гледање еден во друг, туку гледање во истата насока“ - Антоан де Сент Егзипери.

„Колку повеќе човек суди, толку помалку љуби“ - Оноре де Балзак.

„Чудна мисла е, но кога ќе ги видиш луѓето како изгледаат смешно, тогаш сфаќаш колку многу ги сакаш“ - Агата Кристи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура