Ново истражување го руши митот за конвенционалното мислење дека кислородот и органските соединенија во атмосферата се силен доказ за вонземски живот на далечна планета.
Од лабораториските симулации на атмосферска хемија, истражувачите утврдиле дека тие супстанции може да завршат во атмосферите на егзопланетите поради причини кои не се поврзани со биолошките процеси.
- Нашите експерименти создадоа кислород и органски молекули кои може да служат како градежни единки на живот во лабораторијата, докажувајќи дека присуството на двете не укажува на живот дефинитивно. Истражувачите треба повнимателно да размислат како се произведуваат овие молекули - вели авторот Чао Хе, истражувач од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Кислородот сочинува 20 отсто од атмосферата на Земјата и се смета за еден од најробустните биопотпис-гасови. Но, многу малку се знае за тоа како различни извори на енергија иницираат хемиски реакции и како овие реакции создаваат биопотписи како кислород во потрагата по живот надвор од Сончевиот Систем.
Други истражувачи направиле фотохемиски компјутерски модели за да предвидат што би можела да создаде атмосферата на егзопланетите, но Хе верува дека ова е првпат научници да направат лабораториски симулации.
Истражувачите ги направиле симулациските експерименти во специјално дизајнирана комора во лабораторијата на коавторката Сара Хорст. Тие тестирале девет различни мешавини на гасови, усогласени со предвидувањата за атмосфери на егзопланети од видот на супер-Земја и мини-Нептун. Ваквите видови егзопланети се најраскошни видови планети во нашата галаксија Млечен Пат.
Секоја мешавина имала специфичен состав на гасови, како јаглероден диоксид, амонијак и метан, и секоја од нив била загреана на температури што варирале од 26,6 до 371,1 Целзиусови степени.
Хе и неговите колеги дозволиле секоја мешавина да навлезе во комората и тогаш ја изложиле мешавината на еден од два вида енергија со цел да ја изимитираат енергијата што предизвикува хемиски реакции во планетарните атмосфери: плазма или светлина од ултравиолетова ламба.
По изведувањето на експериментот три дена по ред, истражувачите ги измериле и ги идентификувале крајните гасови со спектрометар. Утврдиле дека имаа повеќе сценарија во кои се создаваат и кислород и органски молекули кои може да создадат шеќери и аминокислелини.
- Луѓето велеа дека присутноста на кислородот и органските соединенија заедно укажува на живот, но ние ги создадовме абиотички во повеќе симулации. Ова сугерира дека дури и присуството на широко прифатените биопотписи може да биде лажен знак за живот -
објаснува Хе.