X
 23.01.2020 Забава

Како да го излажете вашиот мозок?

Дали некогаш сте посакале да го промените начинот на кој го гледате светот? Нели би било забавно кога би можеле да халуцинирате на паузата за ручек - и тоа легално?

Иако обично овие работи ги поврзуваме со силните дроги, постојат и други начини: сè што ви е потребно е основното разбирање за тоа како работи човечкиот мозок.

1. Ганзфелдова процедура

Започнете така што ќе наместите шум на радиото (фреквенцијата меѓу радиостаниците). Запалете црвено светло и наместете го кон позицијата во која лежите. На очите ставете топче за пинг-понг. Некои тврдат дека е доволен и превез или маска за спиење, меѓутоа, не гарантираат дека ќе успее.

Во рок од неколку минути треба да искусите пет сензорни нарушувања. Некои гледаат коњи во облаци или го слушаат гласот на мртов роднина... некои гледаат бои и чудни облици.

Човечкиот ум е навикнат на сензација и случувања, така што кога ќе ги блокираме сетилата, умот почнува да „измислува“ сопствени случувања.

2. Необичен начин да ја ублажите болката

Научниците од „Оксфорд“ пред неколку години претставија откритие кое ја намалува болката: инверзниот двоглед.

Тие откриле дека кога испитаниците го набљудуваат својот ранет прст од другата страна на двогледот, со што прстот им изгледа оддалечен, тие чувствуваат значително помала болка и брзо намалување на отокот.

3. Пинокио-илузија

Овој начин бара два стола и превез околу очите.

Личноста што го носи превезот треба да седне на задното столче, а другата личност што седи на столчето треба да ѝ биде завртена со грбот. Личноста со превезот треба да ја стави раката на носот на личноста пред себе и истовремено да ја држи другата рака на својот нос. Потоа полека треба да го гали носот и по една минута, ќе има чувство дека нејзиниот нос е долг.

4. Гумена рака

Доколку поседувате гумена рака или рака од кукла, тогаш ќе ви успее оваа халуцинација.

Започнете така што едната рака ќе ја сокриете под масата, а пред себе ќе ја ставите лажната рака. Раката морате да ја поставите така што од вашиот агол на набљудување изгледа како да е ваша. Потоа испружете ја и другата рака, да изгледа како двете раце да сте ги ставиле пред себе на масата.

Замолете пријател да седне пред вас и неколку минути да ја допира вашата вистинска и лажна рака. По неколку минути ќе почувствувате како лажната рака стана дел од вашето тело.

Кога ќе стекнете чувство дека гумената рака е ваша - пријателот нека ја удри лажната рака со чекан. Ќе почувствувате тешкотија бидејќи успешно сте го измамиле мозокот да мисли дека лажната рака му припаѓа на вашето тело.

 

5. Пуркинева светлина

Јан Пуркине, еден од основачите на модерната невронаука, ја открил оваа халуцинација уште како дете. Прво ги затворил очите (важно!), а потоа ја наведнал главата со лицето кон сонцето и почнал да ја поместува раката нанапред и наназад пред затворените очи. По неколку секунди забележал „прекрасни облици“ кои станале сè поизразени.

Научниците го усвоиле овој метод и направиле специјални очила кои ја симулираат постапката на блокирање на светлината. Оваа стимулација прави кратки споеви во визуелниот дел на мозокот, со што доаѓа до перцепција на имагинарни слики.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава