Си-ен-ен наводно има подготвено видео кое би го објавиле непосредно пред потенцијален крај на светот. Основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер, наводно изјавил дека каналот не би престанал да работи до крајот на светот, пренесува „Инди100“.
- Ќе бидеме вклучени и ќе го покриваме крајот на светот, во живо, и тоа ќе биде нашиот последен настан - изјавил тој.
Каналот би ја пуштил песната „Nearer my God to thee“ непосредно пред крајот, според Тарнер. Неименуван извор објавил копија од видеото кое би било објавено пред самиот крај, а може да го погледнете во продолжение.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay