X
 17.09.2021 Живот

Фестивал на живи статуи во Скопје

Денеска и утре од 18:30 до 21.30 часот во центарот на главниот град, на улица „Македонија“, ќе се одржи петтиот уличен уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест – Скопје“. Овој необичен настан е организиран од Здружението на граѓани ТимТеатросК, со поддршка од Театар за деца и младинци и под покровителство на Град Скопје.

Темата на годинашниот „Статуафест“ е „Другото лице на улицата“- „Скопје на улица“. Како што наведува организаторот – во преносна смисла „Статуафест“ ќе биде огледало на самите нас, односно што сè прават скопјани во текот на едно деноноќие движејќи се забрзано или, пак, бавно низ улиците на нашиот град.

Организаторот најави дека годинава, како и минатата година, на фестивалот ќе настапуваат исклучиво домашни артисти зашто основна цел на компанијата за улична уметност е да создаде домашна продукција каква што има насекаде во светот.

- Некои од артистите ви се веќе познати, оние што биле на „Статуафест“ ќе имаат можност да ги препознаат, но се разбира се појавуваат и дебитанти, што нам ни е од огромна важност бидејќи интересот за овој вид уметност расте од година на година. Се разбира, артистите овој пат ќе бидат во сосема различни улоги – соопштија од Здружението ТимТеатросК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот