X
 23.04.2021 Живот

Познат бренд бесплатно изнајмува костуми за интервјуа за работа

Познатиот шведски бренд „Ејч енд ем“ им овозможува на своите клиенти бесплатно да изнајмат костум во период од 24 часа.

Компанијата ја почна својата услуга за изнајмување облека во Велика Британија минатата недела, но планира да ја понуди и во САД почнувајќи од 13 мај.

Овој потег е дел од поголема цел насочена кон одржливоста на брендот, кој ја лансира својата колекција наречена „свесна колекција“ уште во 2012 година. Оваа колекција содржи предмети изработени од најмалку 50 отсто одржливи материјали.

Шведскиот моден гигант до 2030 година планира да користи само рециклирани или други материјали од одржлив извор. Компанијата вели дека услугата за изнајмување облека им овозможува на сите што ќе одат на интервју за работа да остават моќен прв впечаток.

Клиентите можат да го изнајмат костумот во период од еден ден. Тие нема да бидат одговорни за минимална штета, на пр., дамки, но ќе мора да ја платат малопродажната цена доколку дојде до поголема штета.

Извор: Businessinsider.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот