Фармацевтската компанија „Бајонтек“ започнала со втората фаза од клиничките испитувања за експериментална вакцина против рак. Во оваа фаза, вакцината ќе биде тестирана на 120 волонтери.
Во претходните клинички тестирања се покажало дека вакцината е безбедна, па затоа сега компанијата ќе ја испитува нејзината ефикасност како третман за тешки случаи на рак на кожата. Вакцината ќе биде користена во комбинација со лекот „Либтајо“ во експериментите. Научниците се надеваат дека вакцината ќе им помогне на пациентите со терминален рак, односно рак кој не може да се излекува со третман.
Фото: Pixabay
Вакцината е направена со истата технологија со која е направена вакцината против ковид-19 на „Бајонтек“ и „Фајзер“, односно го учи имунолошкиот систем на пациентот да се бори против ракот.
Вакцината за ракот се разликува во тоа што се дава на пациенти заболени од рак кои се во трета или четвра фаза од болеста.
Извори:
Futurism |
Clinical Trials Arena