X
 24.02.2023 Живот

Храна што може да се јаде кај нас, а е забранета во САД

Има некои необични закони поради кои може да завршите в затвор во САД. Така, кај нас и во остатокот од светот можат да се јадат доста вообичаени работи кои се забранети во САД, а ова се најнеобичните:

„Киндер јајце“

Овој производ бил измислен во Италија во 1972 година. Иако јајцето е популарно во многу земји, тоа со закон е забрането во САД. Производот се забранува поради играчката во него, која би можела да биде опасна за малите деца. „Киндер јајцето“ не може да се најде во американските продавници. Доколку го носите овој производ со вас во авион, ќе ви биде одземен кога ќе слетате.

Коњско месо 

Истражувањата покажале дека коњското месо е здраво бидејќи е богато со протеини и железо, а има мал процент на маснотии. Иако не е нелегално да се јаде во САД, незаконски е да се продава месо од коњ за исхрана. Некои сојузни држави како Тексас забрануваат продажба или колење на коњ за човечка исхрана. До забраната дошло поради неконтролираното давање опасни лекови на коњите пред колењето во САД, поради што месото може да биде опасно и за луѓето доколку го јадат.

Црн дроб од гуска

„Фуа гра“, или паштета од гускин црн дроб е познат француски специјалитет. Но нејзиното производство и продажба во некои делови од САД, како Њујорк и Калифорнија, се забранети со закон. До забраната дошло поради насилниот начин на хранење на гуските за да се зголеми нивниот црн дроб и до осум пати од природната големина. Паштетата се произведува од овој црн дроб.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот