X
 19.03.2021 Здравје

Листа со производи што содржат најмногу пестициди

Активистичката група „Инвајорнментал воркинг груп“ го објави најновиот водич за пестициди во храната, во кој прави ранг-листа на 46 најпопуларни природни намирници во кои има пестициди. Групата користи податоци од министерството за земјоделство и агенцијата за храна и лекови на САД.

Според податоците, речиси 70% од производите што се продаваат во САД имаат штетни хемикалии, дури и по нивното миење и лупење. Зелената салата, кељот и друг зелен зеленчук може да содржат до 20 различни пестициди, а некои од нив може да бидат канцерогени. На листата оваа година биле додадени и црвените големи пиперки и лутите пиперки, во кои имало 115 различни пестициди.


Фото: Freepik

Според групата, повеќето остатоци од пестициди се во границите на дозволеното, но некои луѓе толерираат помалку пестициди од она што научниците го советуваат како безбедно ниво, пренесува „Фест компани“. Конечно, како што пишува во извештајот, „пестицидите се создадени да бидат отровни. Тие се создадени за да убиваат живи организми“.

Нови истражувања откриле дека консумирањето органска храна може да предизвика поголема плодност, намалување на ризикот од дијабетес 2 и намалување на ризикот од други здравствени состојби. Меѓутоа, доколку вашиот буџет не ви овозможува да јадете само органска храна, експертите препорачуваат да јадете свежа храна и да ги одбегнувате „нечистите 12“ производи. Групата рангира и 15 производи во кои има најмалку пестициди.

12 производи со најмногу пестициди

1. Јагоди
2. Спанаќ
3. Кељ, раштика и сличен зелен листест зеленчук
4. Нектарини
5. Јаболка
6. Грозје
7. Цреши
8. Праски
9. Круши
10. Големи пиперки и лути пиперки
11. Целер
12. Домати

15 производи во кои има најмалку пестициди

1. Авокадо
2. Слатка пченка
3. Ананас
4. Кромид
5. Папаја
6. Сладок грашок
7. Модар патлиџан
8. Аспарагус
9. Брокула
10. Зелка
11. Киви
12. Карфиол
13. Печурки
14. Диња (сорта cucumis melo)
15. Диња (сорта cantalupensis)

Автор: Кони Лин
Извор: fastcompany.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје