X
 24.02.2024 Технологија

Дојче банк: Американските технолошки гиганти вредат повеќе од целите берзи на повеќето земји

Седумте најголеми американски технолошки компании имаат поголема пазарна капитализација од компаниите во речиси секоја друга голема економија во светот, се вели во извештајот на „Дојче банк“.

Според аналитичарите на банката, комбинираната пазарна капитализација и растечкиот профит на таканаречените „7 величествени - Епл, Мета, Амазон, Алфабет, Тесла, Мајкрософт и Нвидиа“ - ги надминуваат оние јавни трговски фирми во речиси секоја друга земја на Г20. Само Кина и Јапонија имаат поголем профит кога се во прашање нивните компании што котираат на берзата, велат аналитичарите.

Понатаму, само комбинираната пазарна капитализација на компаниите би ги направила втора по големина домашна берза во светот. „Мајкрософт“ и „Епл“, на пример, имаат пазарна капитализација речиси еднаква на комбинираната вредност на котираните компании во Франција, Саудиска Арабија и Велика Британија.

Иако не сите од најголемите заработувачи се покажале еднакво добро на берзата во последниве месеци - цената на акција во „Тесла“ падна за околу 20 отсто од почетокот на 2024 година, додека кај „Нвидиа“ е зголемена за речиси 47 отсто во тој период - во јадрото на групата веќе долги години се најголемите и најуспешните компании во САД, а со тоа и во светот - истакна Џим Рид, раководител за глобална економија и тематски истражувања во „Дојче банк“.

Приносите на берзите минатата година беа главно концентрирани меѓу „7 величествени“, додека многу други акции во берзанскиот индекс „Сток анд Порс 500“ се соочиле со тешкотии. Сепак, „Дојче банк“ предупредува дека ако инвеститорите продолжат да ги поддржуваат технолошките акции, може да бидат изложени на ризик да пропуштат други профитабилни инвестициски можности.

Извор: Okvir.net

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија