X
 17.07.2020 Образование

Антикорупциска го запре предметот што го отвори за постапката за избор на ректор на УКИМ бидејќи Ректоратот не работел

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница одлучи да го запре предметот отворен по сопствена иницијатива за изборите за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Предметот бил отворен пред 5 дена поради постоење сомнежи за прекршување на членот 8-а, став (1) алинеја 3 од Изборниот законик и член 34 став 1, алинеја 3, од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во постапката за избор на ректор на Универзитетот, кои до нив стигнале од средствата за јавно информирање.

Но, Комисијата реши да го запре предметот откако членовите не успеале писмената уредба уредно да ја достават до ректорот бидејќи Ректоратот не работи поради состојбата со Ковид-19. Оттаму образложуваат дека во рок од 24 часа од отворањето на предметот тие се обврзани да се обратат до институцијата, односно лицето на кое се однесуваат сомнежите и да побараат изјаснување со тоа што на лицето или институцијата им се дава до знаење дека треба во рок од три дена да дадат објаснување и се повикуваат на јавна седница да ја одржат во рок од 5 дена.

На изборите за ректор на УКИМ што се одржаа на 26 јуни повторно беше избран Никола Јанкуловски. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование