Катар е најбогатата земја на светот заради нафтата и гасот кои ги поседува – оваа земја е доволно богата за на стадионите и инфраструктурата за Светскиот фудбалски куп кој ќе се одржи во 2022 година, да потроши 200 милијарди долари.
BBC пишуваат дека буквално неограниченото богатство сепак не донело „комплетна среќа“ на земјата, бидејќи поради него се случуваат и општествени промени, кои не им се допаѓаат на сите.
Панорамата на главниот и најголем град на Катар, многу е променета во последните неколку години : кули од челил и стакло „никнуваат“ како вештачка шума во пределот на кој некогаш имало само песочен брег.
Катар е најбогатата земја во светот со БДП по глава на жител од дури 102.000 долари. По нив следува Лихтенштајн (89.000), Бермуда (86.000), Макао (82.000) и Луксембург (78.000).
Според податоците на ЦИА, речиси 14 проценти од домаќинствата во Катар се милионери, а 2013-та година невработеноста била 0,1 процент.
Пред помалку од еден век, во Катар живееле во голема сиромаштија, а денес се лидери што се однесува до богатиот живот.
Искористувањето на енергетските извори започнало во текот на 40-те годинини на минатиот век, а пред тоа, жителите на Катар живееле од риболов и вадење на бисери. Залихите со нафта се 15 милијадри барели.
Образованието е бесплатно, како и здравствената заштита. Вработувањето е гарантирано, како и стамбеното прашање. Водата и струјата се бесплатни. Во Катар не постои данок – не го плаќаат ниту странците.
Но, она што брзо се менува е и општествениот живот.
Од BBC велат дека во Доха се чувствува притисокот. Градот е место каде што секоја област е во процес на интензивно градење. Заради сообраќајниот метеж, жителите се повеќе време поминуваат надвор од своите домови и таа атмосфера создава стрес.
Според известувањата на локалните медиуми, околу 40 проценти од катарските бракови завршуваат со развод.
Голем проблем е и тоа што веќе во државата се зголемува бројката на странци во споредба со локалното население. Па жителите на Катар сметаат дека кај младите лица се создава фрустрација бидејќи странците им ги земаат најдобрите работни позиции.
Државјаните на Катар за многу кратко време добиваат дозвола за градење на куќи, а државата им рефундира половина од трошоците за градба. Сепак, само државјаните на Катар можат да поседуваат куќа, бидејќи е забранета продажба на имот на странци.
За странците има вештачки остров кај Доха – Перла, каде што становите кои странците можат да ги купат, чинат дури половина милион долари.
Животот на просечно катарско семјство е променет. Децата воглавно ги одгледуваат дадилки од Филипини, Неал, Индонезија, а се зголемува и културолошкиот и генерацискиот јаз. Постарите жители на Катар тврдат дека приватниот живот во Катар изгубил на значење.