X
 25.02.2016 Живот

Кратки лекции од студентскиот живот

Студентскиот живот носи голем број мали лекции кои можат да ни помогнат подоцна во животот, а кои не се строго поврзани за студирањето. Ова се некои од нив.

1. Создадете време за она што го сакате

Ако уметноста е вашата страст, тогаш занимавајте се со неа. Немојте да се грижите што луѓето ќе мислат за она што го работите. Не ги слушајте луѓето кои ви велат дека нема да успеете или дека нема иднина во тоа што го правите.

2. Не морате да бидете добри во се`

Навистина, не морате. Но, тоа што можеби нема да бидете добри во се` не значи дека не треба да пробате се`. Ако имате и најмалку интерес за нешто, зошто да не се обидете да го правите тоа? Ако бидете доволно трпеливи во нешто што не ви оди, долгорочно може да стане една од вашите најсилни страни.

3. Гордејте се со вашата работа

Ако не сте горди на сопствената работа, како очекувате некој друг да биде горд? Никогаш немојте да се срамите од она што сте го изработиле и во кое сте го вложиле вашиот труд.

4. Не ви требаат многу пријатели за да бидете среќни


Откако ќе се запишете на факултет кругот на пријатели полека ќе се стеснува. Но со тоа покажувате кои ви се навистина пријатели. Имате пријатели со кои излегувате, а од друга страна, имате пријатели со кои другиот ден го лечите мамурлукот. Тоа се луѓе на кои можете да им се обратите во лошите денови. Тоа се луѓе кои ќе бидат ваша поддршка во тешки времиња.

5. Ценете конструктивна критика


Прифатете ја секоја конструктивна критика и искористете ја да станете подобри. Ако некој сака да ви помогне, заблагодарете му се. На некои луѓе им е важно дали ќе успеете или не, па затоа немојте да се откажете од нешто затоа што не сте го слушнале она што сте го сакале. Искористете го тоа како гориво за патот кон вашите крајни цели; тоа ќе ве направи подобри.

6. Не се оптеретувајте со ситници

Во поголемиот дел од времето тоа навистина се само ситници. Работи кои дозволуваме да не` изнервираат, неважни работи. Не е крај на светот, ако поради обврските пропуштите излегување со пријателите или не стигнете да ја звршите задачата навреме. Се` додека не стане правило наместо исклучок, се` ќе биде во ред.

7.  Луѓето не ги интересира што правите

Ако не сте позната личност, луѓето воглавно не ги интересира што правите и не мислат постојано на вас. Можеби ќе ви честитаат за некој успех, но луѓето истовремено се обидуваат да сфатат што да прават со своите животи.

8. Никој не може да ве направи среќни освен самите вие

Среќата доаѓа од внатре, ако не сте задоволни со себеси и вашиот живот, не можете да очекувате дека ќе бидете среќни со другите. Врските треба да го унапредат нашиот живот, а не да не` направат среќни.

9. Бидете упорни

Ако нешто навистина го сакате, работете на тоа - и не е важно колку пати ќе ве одбијат, или нема да ви се јават или ќе ви кажат дека не сте доволно добри. Ако сте подготвени да вложите време и напор, резултатите ќе дојдат. Само треба целосно да се посветите.

10. Бидете најдобрата можна верзија од себеси


Учите доста работи во текот на самостојниот живот на факултет, селењето од дома, плаќањето на сметки и издржувањето на самите себеси. Во сето тоа добро и лошо се наоѓаат голем број поуки кои можете да ги извлечете. Затоа секој пат замислете и откријте кои сте, па бидете најдобрата можна верзија од себеси. Тоа може и тоа како да ви помогне.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот