X
 25.06.2018 Економија

Вкупно 1.300 работници добија ваучери за субвенциониран годишен одмор

Вкупно 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор од пријавените над 1.900 на огласот од 2 април до 31 мај годинава.

Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, со оглед дека со оваа бројка ќе бидат исцрпени 20 милиони денари од предвидените 30, распишан ќе биде уште еден оглас кон крајот на август.

- Првиот повик покажа дека интересот за субвенциониран годишен одмор е зголемен за 68 отсто. Работниците може да ги користат ваучерите во еден од 30-те хотели со кои имаме потпишано меморандуми за соработка и зависно од цената на аранжамните, да престојуваат кај нив, два, три или седум дена, истакна Бектеши.

Единствен услов за добивање поддршка за годишен одмор е семејството на работникот кој аплицира, да нема месечни приходи поголеми од 22.000 денари. (МИА)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија