X
 25.09.2018 Култура

Вработените во најголемиот независен весник на Унгарија предупредуваат на апокалиптично сценарио

Вработените во најголемиот независен весник на Унгарија предупредуваат на апокалиптично сценарио откако веб-страницата беше преземена од страна на поддржувач на владиниот коалициски партнер.

Новите сопственици на „Индекс“ ветија дека нема да се мешаат во уредувачката политика, но новинарите изјавија дека се подготвуваат за војна.

Десетици весници, радио и телевизиски станици што го критикуваат премиерот Виктор Орбан ги променија ставовите во изминативе четири години. Некои подоцна се затворија, додека други брзо и драматично го променија уредувачкиот изглед.

Минатата недела Европскиот парламент гласаше за казнување на Унгарија за непочитување на правилата за демократија, корупција и граѓанските права, вклучувајќи ја и слободата на медиумите.

1
Фото: Reuters


Парламентарниот извештај на ЕУ изјави дека медиумите се концентрирани во рацете на про-Орбан олигарсите, а рекламите финансирани од државата во голема мера се од продавници лојални на владата, додека новинарите немаат пристап до парламентот.

Владата на Унгарија го негираше поткопувањето на слободата на печатот и инсистираше дека нема желба да ги контролира медиумите, а Европскиот парламент го носи на суд, обвинувајќи го за кршење на правилата за гласање.

Еден од новите сопственици на „Индекс“, Габор Зиглер, инсистира на тоа дека независноста на објавувањето е загарантирана.

- Немаме право да се мешаме во секојдневното уредување или во содржината. Потребна е независна, широко читана и квалитетна веб-страница за да ги постигнеме нашите цели - изјави тој.

Зиглер и медиумскиот инвеститор Јозеф Олтајн добија крајна контрола врз „Индекс“ преку купување на медиумската група „Кемп-екс онлајн зрт“, која го продава својот рекламен простор.

Олтјан е член на партијата што е во коалиција со владејачката партија на Орбан, додека Зиглер е член на персоналот на деловната страна на „Индекс“ повеќе од две децении.

Уредувачката политика на „Индекс“ не е променета од преземањето, но персоналот е подготвен на војна. Изјавата потпишана од 88 вработени ја споредува ситуацијата со војна. Тие создадоа и веб-страница, без никаква врска со доменот „Индекс“, покажувајќи го зборот „независен“ преку „во опасност“ до „не е независен“.

- Ако има некакви промени, ќе го известиме светот колку што е можно погласно - вели персоналот.

Главниот уредник Атила Тот-Сенеси вели дека е загрижен дека промената на сопственоста би можела да го стави „Индекс“ под влијание на владејачката партија и нејзината идеолошка агенда позната како Национален систем на соработка (NER).

(NER) била лансирана во 2010 година за да се спротивстави на либералните вредности и да се залага за националистичка политика.

- Она што се чини како сценарио за апокалипса може да биде реалност - вели Тот Сенеси.

Зиглер го негира ова.

- Го отфрлам ова со најсилни можни термини. Сами одлучивме да купиме, не стои никој зад нас - вели тој.

Од повторното избирање на Орбан темпото на промената на медиумите се забрза. Оние што го поддржуваат Орбан добиваат повеќе пари за реклами, велат медиумските истражувачи.

Како што независноста на медиумите се намалува, така Унгарците се насочуваат кон „Индекс“. Бројот на просечни дневни посетители овој месец се зголемил за 20 отсто.

Веб-страницата има спроведено истрага за наводната владина корупција, а новинарите ја критикуваат  владината антимигрантска и антиевропска реторика.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура