X
 25.12.2019 Технологија

„Македонски телеком“ организира e-Sport турнир за вистински гејмери

Последниот викенд од оваа деценија им го посветуваме на гејмерите – на оние на кои виртуелниот свет им е еднакво голем предизвик како и реалниот. На 28 и 29 декември, во организација на „Македонски телеком“ и Македонската e-Sport федерација, ќе се одржи официјален гејмерски турнир во три од најпопуларните светски видеоигри: Dota 2, PES 2020 и Hearthstone.
Пријавувањето и влезот се бесплатни, а за учество во Dota 2 турнирот прво треба да се поминат онлајн-претквалификациите, кои се играат вечерва, по кои само најдобрите осум ќе добијат можност да играат на ЛАН-турнирот.



Најдобрите два тима од Dota 2 турнирот влегуваат во понатамошни квалификации и ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во Израел во 2020 година. Пријавете се за: PES 2020: http://bit.ly/2EAErRs„Hearthstone“: http://bit.ly/2EDjRjd. Добрите игри на натпреварувачите нема да поминат незабележано. За најдобрите тројца во Dota 2, PES 2020 и Hearthstone следуваат супер вредни награди.

Турнирот ќе се одржи последниот викенд од 2019 година, на 28 и 29 декември, во новата Flagship продавница во Управната зграда на „Македонски телеком“, на плоштадот „Македонија“. Турнирот ќе можете да го следите во живо на следниот линк.
Следете ги сите новости на: https://www.facebook.com/events/2558905094380855/ и подгответе се за супер возбудливо гејмерско финале на 2019.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија