Минатиот месец
Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за неговиот труд што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.
Професорот Никос Чаусидис од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет од Скопје доби голем број пофалби за неговите онлајн-предавања. За него студентите истакнаа дека е исклучително ангажиран и дека предавањата го имаат истиот висок квалитет како оние во живо.
- Предметот бара доста интеракција, во спротивно нема да може да се доловат главните поенти, но професорот успеа и тоа да го обезбеди. Убедливо најдобриот предавач досега, неговите предавања за мене се сјајната точка на карантинов - го пофали еден студент.
Сега ние го прашавме што тој има да им порача на студентите. Професорот истакна дека коронавирусот нè поттикнал сите да го преиспитаме својот концепт на живот и им порача на студентите да се запрашаат зошто ја одбрале токму таа струка и кое е местото на нивната струка во нивниот живот.
Погледнете ја целата негова порака: