Дали некогаш сте забележале дека ние всушност навистина не знаме многу за животот на многу богатите луѓе? Немаме идеја зошто тие имаат приватен авион и вила на тропски остров, но сепак тие носат стара облека. Можеме да претпоставиме дека сето ова е затоа што тие се алчни или тие се плашат дека ќе бидат следени од страна на некои посебни услуги. Но, всушност, се работи за нешто сосема друго.
„Еден влијателен пријател еднаш ми ја појасни оваа ситуација на мене. Тој рече дека вистинскиот успех не е за фалење и покажување. На пример, неговите ќерки дознале дека тој секогаш имал приватен авион, кога наполниле 30 години- пишува Јулијана Манцато за
Brightside.
„Баба ми секогаш ми велеше: Ако сакаш да избегнеш завист на другите, сакај ја тишината". Никој не треба да знае за твојот живот, соништа, достигнувања, твоите начини да станеш успешна, твоите неуспеси. Вие не треба да објаснувате ништо на никого“- продолжува Манцато.
Ова се однесува не само на вашата среќа, но исто така и на вашите цели. Ако ги објавите вашите планови и желби, најверојатно ќе биде тешко за вас да ги реализирате. Вашите соништа нема да бидат толку привлечни за вас, бидејќи сте им кажале на луѓето за нив и вашите пријатели веќе биле импресионирани. Ќе изгубите мотивација да направите било какви планови на долг рок.
Запомнете:
Вие не треба да пишувате на „Facebook“ колку сте среќни.
Вие не треба да покажете дека сте депресивни за да поправите нешто.
Вие не треба да им кажувате на сите за вашите соништа и цели кои сакате да ги постигнете.
Вам не ви е потребно одобрување од вашите пријатели за да почнете да се движите понатаму.
Вие не треба да го промовирате вашиот живот на „Instagram“ за да ја истакнете вашата вредност.
Вие не треба да го објаснувате и докажувате вашиот успех.
Ви треба повеќе тишина.
Ќе видите колку среќни, независни, и смирени ќе станете. И што е најважно, ќе ги постигните сите ваши цели!