Како што расте популарноста на криптовалутите, така се зголемува и бројот на хакери чија мета се нивните замени на берза. Во 2017 година била пријавена загуба од околу 266 милиони долари како резултат на безбедносни упади и кражби. Како и да е, само во првата половина од оваа година било пријавено дека е украдена тројно поголема сума при замени на валутите.
На почетокот од јули компанијата за безбедност на блокчејн, „Чипер Трејс“, пријави дека 731 милион долари биле украдени само оваа година од криптозамени.
- Овие кражби не се само чести, туку стануваат и значително повредни - истакна Нејт Вајтхал.
Ова се некои од најплодните криптокражби во историјата.
„Коинчек“
Во јануари хакерите најдоа дупка во размената на „Коинчек“ што им овозможи да украдат криптовалути во вредност на околу 530 милиони долари. Во кражбата беше пробиена само помалку познатата крптовалута НЕМ, а од „НЕМ фондејшн“ истакнаа дека хакерскиот напад не е поврзан со безбедноста на криптовалутата. Оттаму вината ја префрлија кај „Коинчек“ и рекоа дека ситуацијата е резултат на релаксираните безбедносни мерки. Сега „Коинчек“ ја има репутацијата на жртва на најголемиот хакерски напад над криптозамената.
„Мт. Гокс“
Сѐ до нападот на „Коинчек“, кражбата на берзата „Мт. Гокс“ беше најголемата криптокражба во историјата. Тоа сѐ уште е најголемата кражба на биткоини. „Мт. Гокс“ беше криптоберза лоцирана во Токио, Јапонија. Меѓу 2013 и 2014 година таа раководеше со повеќе од 70 отсто од светските трансакции на биткоини. За жал, во февруари 2014 година прогласи банкрот.
Хакерот украде околу 850.000 биткоини кои во тој момент вредеа 450 милиони долари. Дополнително, ова беше околу 6 отсто од сите биткоини во тоа време. Значи, кога се случи кражбата, ова беше значаен дел од вкупниот криптопазар. Двесте илјади од биткоините беа повратени, но останатите беа засекогаш загубени.
Фото: BigThink
ДАО
ДАО е скратеница за Децентрализирана автономна организација, а беше основана на 30 април 2016 година и беше многу популарна, па стана најголемата „красудфандинг“ организација во историјата.
Уште на почетокот некои луѓе изразија загриженост во врска со безбедноста на ДАО и сугерираа дека може да биде ранлива на напади. Покрај тоа, таа собра повеќе од 150 милиони долари од 11.000 члена - многу повеќе отколку што создавачите замислуваа.
На 12 јуни 2016 година Стивен Туал, еден од создавачите, истакна дека во кодот бил пронајден баг, но нагласи дека тоа нема да ги загрози фондовите на ДАО. За жал, не беше во право. Додека тимот да го идентификува багот и да почне да го решава проблемот, хакерот веќе си ја вршеше својата работа.
До 18 јуни, помалку од една недела по соопштението, хакерот успеа да исцеди повеќе од 3,6 милиони етер-токени, односно околу 70 милиони долари. Ова доведе до пад на етериумот од 20 на 13
долари.