X
 26.12.2020 Живот

101-годишен ветеран добил илјадници божиќни честитки и подароци

Еден 101-годишен ветеран од Велика Британија добил илјадници божиќни честитки и подароци од целиот свет откако во емисија на Би-би-си зборувал за неговата сопруга, која неодамна починала.

Џон Листер и неговата сопруга Ела биле во брак 70 години, но таа починала од коронавирусот во февруари. Ова е првиот Божиќ што Џон ќе го помине без неа.

До времето кога била снимана репортажата на Би-би-си, Џон примил над 6.000 божиќни честитки.


Извор: bbc.com
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот