X
 27.03.2018 Забава

Знаете ли зошто виолетовата боја ја нема на државните знамиња?

Знамињата на државите се во најразлични бои, украсени со секакви елементи, како орли, ѕвезди, змејови и друго. Меѓутоа, ако добро ги знаете боите и грбовите, сигурно сте забележале едно нешто, а тоа е дека на ниедно знаме ја нема виолетовата боја.




Причината за тоа е што виолетовата боја во минатото била многу скапа. Во минатото таа се добивала од посебен вид морски полжави од Медитеранот. Биле потребни повеќе од 10.000 полжави за само еден грам боја. Затоа оваа боја ја ценеле како злато.

Виолетовата боја во повеќето случаи била поврзувана со кралските фамилии бидејќи само тие можеле да ја носат. Кралицата Елизабета во 16 век наредила виолетовата боја да можат да ја носат само членови на кралската фамилија и никој друг. Меѓутоа, оваа боја понекогаш била скапа и за самите владетели.
 
Римскиот император Аврелиј ѝ забранил на својата сопруга да купи виолетов шал бидејќи само едно шишенце виолетова боја чинело денешни 50.000 евра.

Престижниот статус на виолетовата боја се променил дури во 1856 година кога Вилијам Хенри Перкин, обидувајќи се да пронајде лек за маларија, случајно открил начин како да произведе синтетичка виолетова боја. Откако производството на бојата било олеснето, виолетовата станала достапна за сите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава