X
 27.03.2023 Економија

Само 0,3 отсто од активните претпријатија во Македонија имаат над 250 вработени

Бројот на активните претпријатија во Македонија, во 2021 година, изнесувал 70.424, соопшти Државниот завод за статистика.

Податоците за структурата на активните претпријатија по сектори на дејност покажуваат дека во 2021 година најголемо учество има секторот трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 31,1%.

Податоците за структурата на активните претпријатија според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82,5% имаат претпријатијата со 1 до 9 вработени. Потоа следуваат претпријатијата без вработени или со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 7,3%, па претпријатијата со 10 до 19 вработени со 4,6%, потоа со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3,1%, со 2,1% учествуваат претпријатијата со 50 до 249 вработени и само 0,3% од активните претпријатија имаат над 250 вработени.

активни претпријатија
Фото: ДЗС
(за поголема резолуција, кликнете на сликата)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија