Еве неколку интересни
психолошки факти кои треба да ги знаете. Тие можат да го променат начинот на кој го гледате и поимате светот околу и во вас самите:
* На луѓето им требаат дури 66 денови да формираат и усвојат нова навика.
* Кога не можете да се сетите на некои факти, најдобро е да ги затворите очите. Полесно ќе ви оди.
* Мозокот и желудникот се тесно поврзани и затоа некои емоции, особено стресот, влијаат врз желудникот.
* Ако ги запишувате соновите можат да ви станат многу појасни.
* Зборување со смирен и тивок тон во текот на кавга, ќе ви помогне да надвладеете над соговорникот.
* Можноста да размислувате за начинот на кој мислите е знак на виша интелигенција.
* Секој човек има три карактеристики: онаа што ја покажува, онаа што ја поседува и онаа за која смета дека ја поседува.
* Мечтателите имаат повеќе соништа и поголема е веројатноста дека ќе се сеќаваат на нив.
* Најважниот извор на среќа за децата се семејството и блиските пријатели.
Фото: Freepik
* Споредувајќи ги сетилата, сетилото за мирис е најмногу поврзано со сеќавањата.
* Најефикасниот начин нешто да се запомни е да се направи 10-минутна пауза на секои 30-50 минути учење.
* Благодарните луѓе најчесто се среќни луѓе.
* Познавањето на два јазици може да ја одложи појавата на Алцхајмеровата болест.
* Луѓето имаат тенденција за создавање на блиски емоционални врски со лица со кои пеат заедно.
* Вљубените се однесуваат слично како луѓето кои страдаат од ментални заболувања.
* Недостигот на сон го зголемува ризикот за појава на депресија.
* Луѓето имаат тенденција побрзо да носат одлуки кога мораат да одат во тоалет.
* Пет нејчести ноќни кошмари се паѓањето, прогонувањето, чувството на заробеност, доцнењето и смрт на блиска личност.