X
 27.06.2018 Живот

Милениумците оставаат најмал бакшиш

Најновите истражувања покажуваат дека милениумците се најлоши кога станува збор за бакшишот. 10 отсто од лицата на возраст од 18 до 37 години воопшто нема да остават бакшиш по завршувањето со оброкот во ресторан.

Тоа можеби се случува бидејќи генерацијата не работела многу работи во кои се добива бакшиш, а може и да е поради тоа што милениумците стојат полошо со финансиите за разлика од претходните генерации, па не можат да остават плус 20 отсто од сметката.

Интересно е што 27 отсто од таа генерација се порасположени да платат повисока сметка отколку да мислат на бакшиш.

Меѓу другите демографски групи, 26 отсто од луѓето што заработуваат повеќе од 75.000 долари годишно исто така би платиле повисока сметка, како и 30 отсто од луѓето што се со факултет.

Другите групи идентификувани како луѓе што не оставаат или оставаат мал бакшиш се жителите на Јужна Америка. Брачните парови без деца оставале поголем бакшиш од оние со деца, покажало истражувањето на „Кредит Кардс“.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот