X
 27.10.2018 Живот

Како функционира истражувачкиот тим на „Гугл њуз лаб“? Новинарот Даниел Жонса гостин на ИФФС

Даниел Жонса, новинар од „Гугл њуз лаб“ денеска ќе одржи работилница во рамки на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје.


Посетителите ќе имаат можност од прва рака да дознаат како функцинира истражувачкиот тим на „Гугл њуз лаб“ (Google News Lab), чија главна мисија е соработка со новинари од целиот свет со цел внесување на иновации во новинарските истражувања.

Новинарот Даниел Жонса патува низ регионот и ги обучува новинарите како да го подобрат своето известување со онлајн-алатки, споделувајќи најдобри искуства и примери од целиот свет.


Toj има магистрирано финансиско новинарство на Лондонскиот Универзитет и на Вишеградската школа за политички студии на Советот на Европа, интернационална програма осмислена да ги обучи идните лидери за Централна и Источна Европа.


На работилницата која ќе се одржи денеска во 18.30 Жонса ќе објасни што значи напредно истражување, како се собираат вестите и други техники кои новинарите можат да ги користат додека работат на своите приказни.

Денеска во рамки на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје (ИФФС) во Кино Култура ќе се одржи дебатата „Безбедноста на новинарите во Европа – Кој го штити новинарството“. Ќе дискутираат Карло Бонини, новинар на Ла Република, Мет Сарнецки од Проектот за организиран криминал и корупција и Кристина Озимец, претседател на Платформата за истражувачко новинарство и анализи и координатор на ИФФС.


Даниел Жонса

„Истражувачкото новинарство во Германија: Предизвици и моментална состојба“ е темата на дискусијата што е закажана за 19.45 часот. Гости се врвни новинари од Германија -Анете Довидајт, Оливер Шрем и Фолкер Штајнхоф.


На менито на фестиовалот денеска е филмот „Рајски документи: Вистинската приказна позади тајната деветмесечна истрага“ на Ерик Вајнриб. Со проекцијата „Убивањето на Павел“ во 21 часот ќе биде затворено второто издание на ИФФС.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот