X
 27.11.2021 Здравје

Вакцинирањето против ковид-19 спасило половина милион животи во Европа

Вакцините против ковид-19 директно спасиле најмалку 470.000 животи на луѓе на возраст над 60 години во Европа, покажуваат податоци од 33 држави.

Последното истражување на европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) и Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ) прави пресметки само за лицата над 60 години и не го вклучува бројот на жители помлади од таа возраст што биле спасени од вакцините, ниту индиректниот ефект на вакцинацијата поради послабото пренесување на болеста.

Податоците покажуваат дека вакцинирањето го намалило очекуваниот број на смртни случаи за приближно половина.


Фото: Freepik

Иако ковид-19 доведе до многу голем број смртни случаи, може категорично да се каже дека без вакцините би починале уште многу повеќе луѓе, изјавил директорот на европската канцеларија на СЗО, Ханс Хенри Клуге.

- Во некои земји бројот на смртни случаи би бил двојно поголем од сегашниот без вакцините - изјавил тој.

Тој додал дека земјите со помали стапки на вакцинирани жители мора да продолжат да им даваат приоритет за вакцинација на оние лица што се во најризичните групи.


Фото: Freepik

- Но, со вакцините мора да се почитуваат и повеќе превентивни мерки за пренесувањето да остане ниско и општествата да останат отворени - изјавил тој.

Во сите 33 европски земји што се вклучени во истражувањето досега починале над 1,5 милион лица како последица од ковид-19. Од нив 90,2 отсто биле на возраст над 60 години.

Извор: Euronews
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје