X
 27.11.2024 Живот

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата „Њу момент“

„Само додај кока-кола“ кампањата на маркетинг-агенцијата „Њу момент“ од Скопје, создадена за најпознатиот пијалак во светот, е финалист на годинашното издание на меѓународниот фестивал EPICA, во категоријата креативни решенија за безалкохолни пијалaци.

На овогодишното натпреварување во креативност беа пријавени околу 1.200 кампањи од осумдесетина маркетинг-агенции од 50 држави во светот.

Оваа кампања е креирана со алатки за вештачка интелигенција со цел да се покаже дека новите технологии не се ниту застрашувачки ниту неинтересни, сѐ додека нивниот потенцијал е креативно искористен.



- Кампањата се базира на анализирањето дали еден збор може целосно да ги промени чувството, расположението и атмосферата и доведува до резултат дека може, ако тоа е вистинскиот збор. Тоа е основата зад наративот на кампањата „Just Add Coca-Cola“ – вели Илинка Црвенковска, креативна директорка во „Њу момент“.

Наградите EPICA се сметаат за исклучително важни на глобалната адвертајзинг-сцена имајќи предвид дека жирито за доделување награди е составено од уредници и искусни новинари од водечките светски публикации кои го покриваат креативниот и комуникацискиот сектор. Оваа година жирито вклучува претставници од 290 познати медиуми како „Форбс“, „Нешнл џиографик“, „Вог“ и многу други.

Церемонијата на доделувањето на наградите ќе се одржи на 12 декември.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Живот