Пуоланка, мал град во Финска, стана познат по песимизмот. Таму дури има и Песимистичка асоцијација.
- Еден од главните аргументи против песимистичките активности беше дека ако правиме и покажуваме грди нешта, Пуоланка ќе ја изгуби репутацијата. Но, клучното прашање е: Која репутација? - вели Томи Рајала, песимист од Пуоланка.
Рита Никенен, исто така, песимист, објаснува дека сè започнало кога станале љубоморни што сите други градови имале свои настани, а во Пуоланка немало
ништо.
Асоцијацијата била основана пред повеќе од 10 години и е делумно инспирирана од тоа како луѓето однадвор го доживуваат градот.
Томи објаснува дека секогаш кога нивниот град ќе се најде во очите на јавноста, тој е дел од најнегативната група.
- Ако не е најлош во сите статистички рангирања, тој е втор или трет најлош од сите фински општини. Па, нормално, на локалното население му е смачено од тоа - вели Томи.
Тој додава дека најужасното нешто е да се умре без некој да забележи, а во Финска многу градови умираат и никој веќе не ги помни. Тој се надева дека тие ќе направат толкава врева со песимизмот што ќе изумрат, ама на начин на кој луѓето ќе забележат.