Авиокомпанијата „Емирати“ најави можност за воведување приватни бањи во луксузните апартмани на летовите во прва класа, што би претставувало едно од највисоките нивоа на авиолуксуз досега.
Претседателот на компанијата, Тим Кларк, изјави дека се работи за концепт кој би овозможил интегрирани бањи во рамките на приватните апартмани во прва класа. Тој нагласи дека целта е да се поттикне развој на уште поиновативни решенија во луксузното авиопатување.
Патниците во прва класа на авионот „ербас А380“ веќе имаат пристап до две туш-кабини, салон и бар во авионот, како и ексклузивни производи и услуги. На летовите со „боинг 777“ се нудат целосно затворени приватни кабини со повисоко ниво на приватност.
Иако засега ниту една авиокомпанија не нуди приватна бања за секој патник, „Етихад ервејс“ од 2014 година на одредени летови со „ербас А380“ нуди „резиденцијален апартман“ со дневна и спална соба и сопствена бања. Слично ниво на луксуз нуди и „Сингапур ерлајнс“, со можност за спојување на повеќе апартмани.
Покрај иновациите во прва класа, авиокомпаниите работат и на подобрувања за патниците во економска класа. „Ер Нов Зеланд“ воведе кревети на кат за екстремно долги летови по цена од околу 100 долари на час, додека „Јунајтед ерлајнс“ разви концепт „Релаксинр роу“, кој овозможува трите седишта во еден ред да се претворат во лежај со дополнителна подлога, ќебиња и перници.
Извор:
021.rs
Фото: Screenshot/YouTube