Бројот на живородените деца во земјава во четвртото тримесечје од 2023 година изнесува 4.185 и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 4,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани е 5.028, што е за 1,5 отсто помалку од 2023 година.
Природниот прираст е негативен -843 лица, што значи за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Во последното тримесечје од минатата година биле склучени 2.824 бракови, за 1,6 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2022.
Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови.
Извор: МИА